Манекенката Жизел Бундшен направи промотивни фотографии за луксузниот бразилски накит „Вивара“. Иако се работи за божиќна колекција, сепак првите фотографии се појавија низ медиумите. И додека повеќето дами најверојатно ќе посакаат за претстојниот христијански празник да добијат на поклон некое парче од оваа скапоцена колекција, повеќе од сигурно е дека мажите, покрај убавината на најплатениот модел на светот, нема да ги забележат нараквиците, обетките и огрлиците кои Жизел ги има на себе.
Поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ и мајка на две деца заводливо седи на подот, позира во боди во беж боја, додека нејзината убавина, покрај безпрекорната шминка во природни нијанси, ја краси накитот од оваа колекција.