Филмскиот фестивал во Кан се одржува по 66 пат, а бил отворен синоќа со свечено појавување на славните ѕвезди од светот на филмот на црвениот тепих. Така бројни убавици како Синди Крафорд, Џулијан Мур, Фредерик Бел, Кари Малиган, Никол Кидман и многу други прошетале по црвениот тепих во стилот на дваесеттите години од минатиот век во своите сексипилни фустани. На убавиците не им сметал ниту дождот кој ги изненадил додека позирале на црвениот тепих, па своите прекрасни фустани ги заштитиле со чадори.
Во навистина прекрасно издание се појавила и француската актерка Одри Таутоу, која воедно е и домаќинка на овогодинешниот фестивал. Носела бел фустан во стилот на 1920-тите години. На сцената и се придружил Стивен Спилберг кој оваа година се наоѓа во жирито заедно со Никол Кидман. Дека елеганцијата може да биде ите како заводлива, докажала Синди Крафорд со своето прекрасно издание. Носела долг бел фустан, но и длабоко деколте кое привлекувало внимание на нејзините бујни гради, а Синди уште еднаш покажала дека изгледа фантастично и на 48 години, бидејќи сите камери биле вперени токму во неа.