Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, ќе врши археолошки истражувања во Љубанишко поле.
За таа цел деновиве во тек е подготовка на теренот за истражување. Се кастрат нискостеблести растенија и се обележува просторот, но нема никакви конкретни активности, информираат од Завод и Музеј. Оттаму додаваат дека истражувањата ќе започнат откако за тоа ќе биде добиена согласност од Министарвото за култура.
Информацијата ја потврдуваат од Месната заедница Љубаништа, од каде објаснуваат дека тие побарале да се истражи просторот во Љубанишко поле каде се претпоставува дека има културно историски наследство, и православни артефакти.
Според најавите во Љубанишко поле се планира изградба на туристички комплекс, за што конкретен интерес постои од индискиот бизнисмен Субрата Рој.
OhridNews