Само еден ден по јавната презентација на Нацрт-ДУП за  дел од Првата Урбана единица кој ги опфаќа Урбаниот блок 1.2 дел од Урбаниот блок 1.4 и дел од Ураниот блок 3.4., Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, ќе излезе со свое видување за предложеното урбанистичко решение.

Неофицијално, Завод и Музеј има бројни забелешки на понуденото урбанистичко решение и постапката во која тоа се носи, за што денеска јавно ќе проговори директорката на националната установа, Тања Паскали – Бунташеска.

Овој Нацрт-ДУП, е со површина од 42,70 хектари, и ги опфаќа улиците: „Илинденска“ , „Кирил и Методиј“, „Абас Емин“, „Туристичка“, „Пирин Планина“, дел од „ Васил Стефоски“, реката „Грашница“ и Охридски Езеро.

Јавната расправа по Нацрт-ДУП за I УЕ, која е во тек, завршува на 20. март.