Општо познато е дека пиењето вода е здраво за нашето тело, но претерувањето во било што никогаш не е добро. 26-годишната англичанка, Саша Кенеди, е зависник од оваа течност, па пие и до 25 литри дневно.
Саша вели дека едвај може да издржи и еден час без вода, па дури и во текот на ноќта. Поради својата необична зависнот е приморана секогаш со себе да носи големи шишиња со вода, па во тоалет оди и до 40 пати дневно.
Нејзината медицински необјаснива зависност почнала кога имала само две години. Кога забележале дека пречесто пие вода, родителите на Саша ја одвеле кај доктор, кој заклучил дека е целосно здрава.
Со текот на времето, нејзината потреба за вода била се поголема, па кога имала 13 години пиела по 15 литри во денот, а ноќе чувала шише од 5 литри вода. Кога се вработила, колегите забележале, и веднаш до неа поставиле апарат за вода.
Зависноста кулминирала кога Саша почнала да работи од дома за една телекомуникациска компанија, и тогаш пиела од 18 до 25 литри вода дневно, што ја прави најхидрирана личност на светот.
Докторите препорачуваат за 1 внесена калорија, да се внесува еден милиграм вода, па 2 литри се сосема доволно за здравите луѓе.
Сепак поради различниот степен на физичка активност, влажноста на воздухот, климата и телесната градба, сите не треба да пијат иста количина на вода.