Двегодишниот Арди Ризал од Индонезија е најмладиот зависник од цигари на светот. Таткото му ја дал првата цигара кога имал само 18 месеци. Момчето живее во рибарско село на Суматра. Според податоците на индонезискиот завод за статистика, дури 25 проценти од децата на возраст до 15 години пробале цигара, а голем дел од нив се и редовни пушачи.
Тоа меѓутоа не го загрижува таткото на момчето, кој вели дека не се грижи за здравјето на својот син бидејќи тој никогаш не бил болен. Кога не му давале цигари детето почнувало да плаче и да фрла предмети низ куќата. Поради таквите случаи, луѓето бараат да се донесе закон кој ќе ги штити децата од несовесните родители.