Церемонијата на погребението на Владиката Тимотеј започна утрово во 9 часот во црквата „Света Софија“ со Заупокоена Света литургија со која чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни православни цркви.
На Светата литургија присуствува и делегација од Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, како и голем број верници.
Посмртните останки на упокоениот Митрополит Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, ќе бидат погребани денеска на пладне, во јужната апсида на храмот на „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид.
По повод упокојувањето на владиката Тимотеј, Општина Охрид денешниот ден го прогласи за Ден на жалост, така што откажани се сите културно-забавни збиднувања на територијата на Општината.
Н.С.Ј.
фото/ видео. Б. Стојаноски