Осудениците во Грузија ќе можат својата затворска казна да ја отслужат работејќи за грузиската Православна Црква. Грузиската Црква и обвинителството постигнале договор кој им овозможува на криминалците осудени за поситни криминални дела да ја служат казната во манастири.
Тоа ќе ги редуцира криминалците во пренатрупаните затвори и ќе и помогне на црквата во обновувањето на манастирите уништени за време на режимот во Советскиот Сојуз. Шефот на грузиските затворски служби оценил дека договорот ќе им помогне на затворениците при остварувањето на општо корисна работа. Грузискиот митрополит Теодор рекол дека осудениците ќе можат да работат на изградба или одржување на манастирите.