Ќе ви падне овој монтиран случај, за ова ќе одговарате диктатори, ќе паднете. Ова се реакциите на семејствата на обвинетите во случајот „Музеј“ на затворските казни коишто денес ги изрече судот, јавува Макфакс.

Највисока казна затвор од 8,8 години му беше изречена на поранешниот директор на Музејот на Македонија, Перо Јосифовски. Златарот Часлав Кузмановиќ е осуден на казна затвор од 7,8 години, а програмскиот директор на музејот е осуден на затвор од 6,8 години.

Ракувачот на депото на музејот, Софка Кушовска Сафитли е осудена на 3 години затвор. Членот на комисијата за откуп на музејски материјал, Јован Кондијанов, исто така, е осуден на 3 години. Директорот на музејот, Дарко Кржоски и членот на комисијата Андреј Ежов се осудени на по една година затвор.

Обвинителката Лиле Стефановска не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

OhridNews

извор Макфакс