Парламентот на јужноамериканската држава Суринам изгласал закон со кој е предвидена затворска казна за пушење на јавно место. Сите кои ќе бидат фатени да пушат надвор од своите домови, автомобили или приватни простории би можеле да завршат во затвор.
Со законот исто така била предвидена и забрана за рекламирање цигари. Законот во наредниве неколку денови би требало да биде потпишан од претседателот Деси Бутерсе, кој и самиот е познат како страсен пушач.