Управата на еден голе аеродром во Кина била приморана да го затвори истиот за сообраќај за да спречи судар помеѓу авионите и неидентификуван летечки објект. Според официјалното соопштение, непознатото летало го надлетувало просторот над аеродромот во градот Бути во кинеската провинција Внатрешна Монголија. По некое време леталото исчезнало со многу голема брзина.


Поради овој неочекуван гостин сите летови од Пекинг и Шангај за Боти биле пренасочени а други аеродроми. Во Кина потсетуваат дека овој случај од пред два дена е всушност трето мистериозно појавување на нло оваа година, поради кое биле затворани аеродромите.