Затворениците во затворите во Москва по новите правила можат да нарачаат чоколади и цигари преку новата интернет продавница. Во првиот месец откако постои, понудата се покажала како привлечна, известил Виктор Дезуров, управник на градските затвори.


Услугата вклучува и достава на производите кои ќе ги купат до нивните ќелии. Досега имале 180 нарачки. Освен цигарите, овошјето и сирењето, продавницата нуди и примероци на Библијата и Куранот, како и рускиот кривичен законик. Алкохолот не е во понудата, но можат да изберат помеѓу 21 видови цигари.