Затворениците во затворот во американската држава Ајова, наскоро ќе мора да ја плаќаат тоалетната хартија за да се намали дефицитот кој го бележи таа казнено поправна установа.


Дефицитот на затворот изнесува повеќе од 1.6 милиони долари, поради што управата донела одлука на затворениците да им ја наплаќа тоалетната хартија. Одговорните за буџетот велат дека со наплатувањето на тоалетната хартија ќе се овозможи годишна заштеда од повеќе од 2000 долари.

Во случај да не успеат да го намалат дефицитот, затворот ќе мора да отпушта дел од вработените.