За да ја спречат заразата и ширењето на свинскиот грип, во затворот Верн во Портланд поставиле апарати со течен сапун. Чуварите набрзо забележале дека затворениците се однесуваат поагресивно и дека се погласни од обично.
Сватиле дека тие го пијат сапунот кој содржел алкохол. Управникот на затворот на крајот морал да нареди да се отстрани сапунот, за да се спречи дивеењето на затворениците.