Бремената чистачка од затворот, Ралука Дионеску го вперила прстот во шест затвореници тврдејќи дека еден од нив е татко на нејзиното дете. Мажите на возраст од 24 до 35 години ќе мораат да прават ДНК тест за да се утврди таткото.


Тие се забавувале со чистачката во пералната подолго време. Таа изјавила дека на некои едноставно не можела да им одолее. Не размислувала за фактот дека сите тие биле криминалци. Сега сака да дознае кој од нив е татко на нејзиното дете. Рекла дека сеуште не размислува дали ќе го одгледува детето заедно со таткото.