Реклами и разни плакати ги покриваат излозите на затворените дуќани во чаршијата. Кога веќе не работат да бидат корисни за нешто друго. Па така на излозите од надворешна страна има и по неколку слоеви од плакати. Се разбира ваквото рекламирање не е дозволено, но кога никој не реагира ваквата слика зачестува.


Како што веќе пишувавме деновиве, поради економската криза и превисоките кирии, се поголем број трговци  одлучуваат да ги затворат дуќаните. Во чаршијата, месечната кирија за изнајмување дуќан се движи од 150 до 2. 000 евра. Додека пак, за нивната продажна цена по метар квадратен, може слободно да се каже дека се изедначува со онаа на дуќаните во центарот на Милано или Барселона. Еден метар квадратен во охридската чаршија чини од 2. 000 до 7. 000 евра.

OhridNews