Еден затвореник во затвор на Шри Ланка сокрил мобилен телефон на место на кое мислел дека никој нема да го пронајде, во својот анус, но за време на еден претрес неговиот телефон зазвонил и бил откриен од чуварите. Иако многу се потрудил и истрпил болка како би го сокрил телефонот, заборавил да го исклучи звукот, а телефонот завонил во најлош можен момент.

Затвореникот веднаш бил одведен во болница, каде по снимањето со рентген било утврдено дека во задникот има мобилен телефон. Со хируршка интервенција телефонот му бил отстранет од телото, а човекот кој бил на отслужување десетгодишна казна поради кражба, бил вратен назад во затвор.