Затвореникот Рафаел Валадао можеби требало да размисли за диета пред да се одлучи да избега низ дупката во ѕидот која требала да му послужи за бегство од затворот. Рафаел кој отслужува казна во бразилскиот град Церес, го следел примерот на колега од затворот кој побегнал од затворот низ дупката, но тој заглавил во неа додека останатите затвореници му помагале. Се што му останало е да ги побара на помош чуварите кои патролирале околу затворот.

Чуварите не можеле да му помогнат бидејќи половина тело му било внатре во ќелијата, а половина надвор,па на местото на несреќата дошле пожарникари кои го срушиле ѕидот. На крај, Рафаел завршил во болница со скршеници на ребрата.