Затвореникот Бродерик Лојд Ласвел, кој за казна за убиство отслужува казна во еден од америчките затвори, ја тужи властта, бидејќи како што вели не го хранеле доволно и поради тоа изгубил 47 килограми.
Кога пред 8 месеци стигнал во затворот, Ласвел имал 187 килограми, а сега има 140. Коко што тврди, затворските оброци имаат премалку хранливи вредности, а првите симптоми дека нешто не е во ред ги приметил откако вежбал замалку ќе се онесвестел.
„Скоро после половина час откако ручав стомакот ќе почнеше да ме боли и реже бидејќи бев гладен“, меѓу другото напишал Ласвел во тужбата. Исто така невел дека причината зошто затворениците губат на килажа во затворите е таа што буквално ги изгладнуваат до смрт.
На крајот побарал во иднина оброците да ги служат топли.