Синоќа во 21 часот, при контрола на угостителски објект во населба „Св.Стефан“ во Охрид, извршена од полициски службеници од СВР Охрид во координација со Државниот пазарен инспекторат, констатирано било дека објектот работел после 18 часот и во него биле затекнати пет лица.

Околу 22 часот, пред угостителскиот објект бил приведен 38-годишен охриѓанец бидејќи го нарушил јавниот ред и мир. Од Државниот пазарен инспекторат се преземени мерки за затворање на угостителскиот објект, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава. – информира СВР Охрид.

Исто така вчера во 19.20 часот, во Дебар, угостителски објекти затекнат бил отворен по 18 часот во кој имало осум лица од кои двајца малолетници. Возразните биле приведени, а малолетниците во присуство на родител се повикани во Одделение за внатрешни работи Дебар за понатамошно постапување

Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршија контроли и во угостителски објекти во Кичево каде еден угостителски објект не ги почитувал протоколите за работа.

Во Струга, пак, во пет објекти забележано е дека не се почитуваат одредбите за задолжително растијание помеѓу масите во угостителските објекти и прусуство над 4 лица на одредени маси. Во еден угостителски објект, лица од Велешта и Татеши го нарушиле јавниот ред и мир.

Тие се повикани во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив како и против одговорните во угостителските објекти, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави. – соопшти СВР Охрид.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 55 прекршоци за неносење лична заштита на лицето: Охрид-06, Струга-21, Кичево-28.

OhridNews