Неколку основни училишта во Јужен Виетнам ја прекинале наставата откако повеќе крокодили побегнале од една фарма и влегле во населените места. Крокодилите биле видени како шетаат по улиците во густо населените квартови, пренеле медиумите, додавајќи дека на децата и наставниците им било советувано да останат дома од безбедносни причини.
Локалните власти соопштиле дека ренџерите успеале да уловат 60 крокодили, но и дека не се знае колку се уште на слобода. Едно официјално лице соопштило дека ѕидот на фармата за крокодили се срушил поради силните дождови, овозможувајќи им на истите да побегнат. Како што пренеле медиумите, пред ѕидот да се сруши, на фармата имало околу 580 крокодили.