Инспекциските служби денеска затворија три плажи на охридската ривиера, изјави во Охрид министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
„Најголем дел од плажите ги задоволуваат критеримите предвидени во договорот што сопствениците го склучија со Минсиетсратвото за транспорт, но неколку од нив не ги исполнуваат тие услови и денеска тие се затворени. Таму поставена е лента која ги предупредува капачите дека таа плажа не ги задоволува условите за работа и не е безбедна за капење“, рече Јанакиевски.
Тој најави дека инспекциските служби викендов ќе продолжат со интензивна контрола на плажите. „На неколку сопственици на плажи им е сугерирано да ги отстранат недостатоците утврдени при контролата“, рече Јанакиевски кој најави дека дозволите за работа ќе се издаваат од понеделник. Тој додаде дека претходно ќе биде извршна ревизија на плажите и дека оние плажи кои нема да ги исполнат потребните услови, нема да добијат дозвола за работа.
Министрот Јанакиевски денеска во Охрид се сретна со својот албански колега Сокол Даши, со кого разговарале околу воспоставувањето на меѓународната бродска линија Охрид-Поградец, за даночните и визните олеснувања за македонските бизнисмени за користење на пристаништето во Драч и за други инфраструктурни проекти.
Г. Момироски