Во акција на полицијата и Државниот пазарен инспекторат спроведена во петокот во времето од 21 до 24 часот, во струшкото село Велешта, во два угостителски објекти биле затекнати гости гости по дозволеното работно време до 18 часот. Тие не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот и продолжиле со работа и примале гости.

Двата објекти веднаш се затворени од Државниот пазарен инспекторат, а две лица – сопственици на објектите, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информира СВР Охрид.

OhridNews