Ризокот за пренесување на вирусот е значително висок во затворена просторија што не се проветрува и со голем број луѓе кои не носат маска, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Вирусот секогаш се пренесува преку близок респираторен контакт. Тоа значи дека капките, солите што излегуваат од усната шуплина за време на зборувањето се практично капките преку кои што вирусот се пренесува. Врз основа на начинот на пренесување на вирусот практично се демензионирани и препорачани и превентивните мерки, посочи министерот на својот фејсбук-профил.
Тоа, како што додава, не се работи кои што се непознати, тоа науката го знае одамна. Колку е подолг и физички поблизок контактот помеѓу некој заразен и потенцијално човек кој што би можел да се зарази, толку е поголем ризикот. И во таа смисла во затворена просторија која што не се проветрува доколку има голема концентрација и бројка на луѓе кои што не носат заштитна маска ризикот тука е исклучително висок.
Порачува дека доколку се носи маска, секако дека ризикот се намалува уште повеќе ако бројот на луѓе во една затворена просторија е помал и доколку истата често се проветрува.
OhridNews