Учесници пријавени на „малиот маратон“ има од целата земја, а оваа година недостасуваат „странците“ кои секоја година го збогатуваа маратонот.
Единствен кој има потекло од Македонија, а доаѓа од Холандија е Димитар Камнаровски. Охрид на „малиот маратон“ ќе биде преставуван од двајца пливачи и тоа Ангела Тасеска и Јован Наумоски од клубот Охридски бранови.
Стартот на Илинденскиот маратон е во 10 часот од х. Парк, а целта е на градското пристаниште.