Поради поставување сценографија за свеченото отварање на Струшките вечери на поезијата утре од 12 часот ќе биде затворен за сообраќај кеј „Борис Кидрич“ во Струга.

Затворена за сообраќај во сабота и недела ќе биде и улицата „Партизанска“, каде на Мостот на поезијата ќе биде поставена сценографија за свеченото затворање на манифестацијата на 27 август.

Фестивалот ќе биде отворен со манифестацијата Меридијани пред главниот влез на центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а ќе биде затворен со доделување на наградите „Златен венец“, „Мосотви на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ на годинашните лауреати Влада Урошевиќ, Гевин Бредли и Димитар Башевски.

OhridNews