Еден ролеркостер во Калифорнија привремено бил затворен поради преголема бука, односно прегласно викање на луѓето кои се возеле со него. Ролеркосетерот „Голд Страјкер“ во Санта Клара, на северот од Калифорнија, морал да биде затворен бидејќи врисоците на посетителите ги пробивале дозволените граници на децибели во населеното место во близина на забавниот парк.
Според пишувањата на медиумите, управата на забавниот парк бил приморана да покрие дел од трасата на ролеркостерот со специјален тунел за пригушување на звукот. Дрвениот ролеркостер, кој бил поставен на почетокот на годинава, и кој веќе важел за еден од најпопуларните во САД, бил отворен по еднонеделна пауза, веднаш по поставувањето на пригушувачот.