Прекрасните планински предели на националниот парк Галичица за време на зимата ќе бидат недостапни за граѓаните и туристите, бидејќи овој патен правец не е на приоритетната листа за одржување на патишта во зима.
Без изградена инфраструктура, скијачки патеки и конкретна туристичка понуда, во моментов, не постои економска оправданост за одржување на патниот правец Р504 Отешево, а за тоа нема ниту технички услови, укажуваат експертите. Според нив за да се обезбеди континуирана проодност на овој патен правец и во зимскиот период, службите за одржување на патишта треба да имаат посебен пункт на Галичица, но и да се подобри безбедноста на патот кој е изграден кон средината на минатиот век.
Забраната на сила ќе биде до 15-ти март, а проодноста на овој патен правец зависи и од временските услови во тој период.