Најопасниот пат по кој мораа да поминуваат деца за да стигнат на училиште конечно е затворен. Децата од селото Маји, во близина на градот Фугонг во кинеската провинција Јунан, за да стигнат до училиштето секојдневно морале да поминуваат преку брзаците на подивената река Нуијанг висејќи на челичен кабел долг 200 метри.
најопасниот “пат“ на светот
Дури 500 деца, некои од нив со само четири години, секојдневно поминувале лизгајќи се по кабелот долг 200 метри над опасниот кањон. Кабелот сега е заменет со нов мост преку кој децата ќе преминуваат до училиштето. Парите за изградба на мостот се собрани откако приказната за најопасниот пат до училиштето е објавена на кинеската национална телевизија. Изградбата на мостот траела само три месеци.
„Мостот го нарековме Мост на љубовта, зошто баш љубовта го изгради“ рекол селскиот кмет на
церемонијата на отварањето на мостот. „Нашите деца не мораат повеќе да ги ризикуваат животите за да дојдат до училиштето“ додал негов соселанец.
ohridnews