Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места каде коловозите се влажни, информираат од АМСМ.
Од 11 часот патниот правец А3 Битола-Ресен на месноста викана „Макази“ е блокиран во двата правци поради протест.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.