Еден автопат кој минува низ северниот дел на Лондон денес бил затворен неколку часа поради наезда од свињи кои побегнале од еден камион кој учевствувал во сообраќајна несреќа.
Од камионот побегнале десет од вкупно 82 свињи кои ги превезувал. Потоа тие почнале да пасат трева долж автопатот. Патот бил затворен поради претпазливост, бидејќи постоела опасност свињите да излезат на коловозот.