Поранешни министри во Словачка се осудени на долгогодишни затворски казни бидејќи ја користеле само огласната табла на владата кога објавиле тендер вреден 120 милиони евра, со што го намалиле бројот на потенцијални учесници, пренесуваат словачките медиуми.
Тогашниот министер за градежништво, Маријан Јанушек, и Игор Стефанов од Словачката народна партија се осудени на 12 и на девет години затвор и на парична глоба од по 30.000 евра, пренесе АФП.