„Het Arresthuis“ е нов холандски луксузен хотел. И, тоа не каков било хотел. „Het Arresthuis“ од 1863 до 2007 година бил затвор. Овој поправен дом со 150 ќелии бил претворен во хотел со 36 луксузни соби и седум апартмани од кои некои носат многу интересни имиња, Управител, Адвокат, Судија и слично.

Овој необичен хотел го красат сите обележја на модерната уметност, како голи ѕидови од цигла и големи прозорци. Во приземјето има бар, ресторан, сауна и теретана, а госите можат да уживаат и на големата тераса окружена со стебла од маслина и прекрасна градина. Концептот на хотел-затвор не е некоја новина. Постои и еден воГерманија со симболично име Алкатраз.