Норвешкиот затвор „Бастој“ важи за рај на земјата меѓу затворениците. Оддалечен е само еден час од Осло, а се наоѓа на остров до кој се патува со траект. Она што го разликува од сите останати е тоа што затворениците имаат своја куќа, уживаат во риболов а и во сауна. Освен што за време на топлите денови се сончаат, затворениците се опуштаат во риболов, имаат тениски терени, а и сауна. Сите 115 затвореници живеат во удобни дрвени куќарки, а секој има свој клуч па може да излезе и да се врати кога сака.
Во затворот нема вооружени стражари и огради кои на затворениците дополнително би им го отежнало евентуалното бегство. Жителите на овој затвор се криминалци осудени за трговија со дрога, но и силувања и убиства. Целта на системот е да се обиде да ги промени овие луѓе. И што е најинтересно, се чини дека ваквиот систем дава добри резултати, бидејќи само 16 проценти од затворениците од овој затвор повторно го прекршуваат законот после две години откако ќе бидат пуштени на слобода.