Еден од водачите на навивачите на белградска Црвена Ѕвезда, Марко Весниќ (27) убиен е синоќа во вооружена престрелка во црногорското летувалиште Игало.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, локалната полиција за убиството ги сомничи братучедите Душко и Владо Рогановиќ од Херцег Нови, по кои интензивно се трага.

Во престрелката полесно бил повреден Иван Марковиќ, близок пријател на застреланиот Весниќ. Cпоред неофицијални извори до престрелката дошло поради нерасчистени сметки меѓу двете страни.

Весниќ со години беше водач на “делиите“, а работел како телохранител на бизнисмени и директори на фирми.

ohridnews