Во контролата што  Секторот за сообраќајни работи при СВР Охрид ја извршил во периодот  од 22.09.2008 до 28. 09. 2008, на територијата на општина Охрид затекнати биле: 10- нерегистрирани возила, 16- возила по истекот на важење на сообраќајна дозвола, 25 – тех. неисправни возила, 2 – возила со несоодветни регистарски таблици.

Зголемената полициска контрола на сообраќајот  е резултат на се позачестената појава да се управуваат моторни возила  кои не се регистрирани, на кои не им е продолжен рокот на важење на сообраќајната дозвола, технички неисправни, и кои немаат пропишани регистарски таблици или се со несоодветни таблици, информираат од МВР. Оттаму најавуваат дека интензивните сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Ohridnews