При тоа затекнати се вкупно 94 непријавени работници. Донесени се 22 решенија за отстранување на повреди на законот и други прописи и 40 решенија за забрана на работа на работодавачот, од коишто 29 решенија за забрана на работа од 30 дена. Поднесени се и 43 барања за поведување на прекршочна постапка.
Државните инспектори од областа на безбедност и здравје при работа извршиле 459 контроли. При тоа, донесени се 124 решенија за отстранување на утврдени недостатоци од областа на безбедноста и здравјето при работа и 7 забрани за работа за небезбедна опрема за работа во деловна просторија. Извршени се 22 увиди на самото место за потешки повреди при работа и еден увид за смртен случај при работа во касарната Илинден при редовни задачи на одржување на систем на греење.
Поднесени се 19 барања за поведување на прекршочна постапка за повреди на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за инспекција на трудот.