И по изминати два дена, екологистите никаде ги нема. Ниту еден претставник од неколкуте Еколошки друштва во општина Охрид, не се огласи во јавноста со цел да го осуди настанот.
При ваков излив на низок степен на совест и некултура од одредени граѓани, јавноста очекуваше меѓу првичните реакции да биде и нивната. Многупати до сега,тие потенцираа дека нивна определба е заштитата на животната средина. Затоа и зачудува фактот што не најдоја можност да осудат еден ваков настан со кој се доведува во прашање опстанокот на живиот свет во еден од најголемиоте природни и туристички бисери во регионов- Охридското Езеро.
Кривична пријава против непознат сторител за загадување на Охридското
Езеро