Татко и син се застрелани од огнено оружје во инцидентот што синоќа околу 19 часот се случил на излезот од Струга.

Застреланите со тешки повреди се пренесени во струшката болница, и се наоѓаат во критична состојба.

Полицијата непосредно по инцидентот го уапсила напаѓачот.

Повеќе информации за немилиот настан се очекуваат во текот на денешниот ден.

OhridNews