Угледниот бугарски новинар Боби Цанков (30) кој се истакна со
истражувачките текстови за организираниот криминал во земјата е убиен
во Софија, јавуваат бугарските медиуми.

 

Цанков кој беше водител на повеќе радио емисии,бил автор е и на неколку
книги посветени на бугарското подземје. Според информациите од
бугарското МВР, Цанков бил застрелан од две непознати лица во центарот
на Софија, а во нападот се повредени и неговите телохранители.

Цанков преживеал два атентати и то а во 2003 и 2004 г, пред куќата на
неговите родители. Тој повеќе пати бил обвинет за измама, а неколку
пати бил задржуван во полицијата. Цанков, како што велат бугарските медиуми живеел на висока нога , возејќи луксузни коли, а се движел со обезбедување .

ohridnews