Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држел говор за време на предизборна кампања во градот Нар.

Врз Абе се истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница и се бори за живот.

Напаѓачот е идентификуван и уапсен. Се работи за 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара, кој, според неофицијални информации, атентатот го извршил со рачно изработен пиштол.

Фуџи ТВ објави дека Јамагами бил поранешен припадник на јапонската морнарица.

Премиерот на Јапонија Фумио Кишида го осуди нападот врз поранешниот претседател на владата Шинѕо Абе.

Кишида наведе дека Абе е во „сериозна состојба“.  Мотивот за нападот сè уште не е познат, рече Кишида.

Абе е јапонски премиер со најдолг стаж. Тој беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми. Абе беше наследен од неговиот партиски сојузник Јошиде Суга, а подоцна од Кишида.

OhridNews