Поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на денешниот ден сообраќајот на граничните премини со оваа соседна земја ќе биде во застој, информира МВР.

Имено, според добиеното известување, на Граничниот премин Меџитлија на 30.05 од 00,00 часот до 24,00 часот, на грчкиот дел од преминот ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси. Истото ќе важи и за Граничниот премин Стар Дојран каде што штрајкот ќе започне утре во 05,00 часот а ќе трае до задутре (31.05) до 05,00 часот, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи. И за Граничниот премин Богородица најавен е штрајк на грчките царински службеници во периодот од 07,00 часот утре до 07,00 часот наредниот ден.

 

OhridNews