Некогашниот автомобилски гигант „Застава“ од Крагуевац е заинтересирана да ги обнови деловните врски со фабриките во Охрид кои некогаш беа дел од оваа компанија. За ова било разговарано при неодамнешната посета на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, на Крагуевац. Делегацијата од Охрид во Крагуевац беше во периодот на потпишување на мултимилионскиот договор на „Застава“ со италијанскиот производител на автомобили „Фиат“.

Според најавите на локалната самоуправа, престставници на „Застава“ во јули ќе го посетат Охрид при што ќе остварат средба со потенцијалните деловни партнери. Некогашната подружница на „Застава“ во Охрид произведуваше појаси, ретровизори и друга автомобилска галантерија. Денес некогашните погони се засебни правни субјекти кои успешно стопанисуваат на пазарот.

ohridnews