Еден Норвежанец заспал на подвижната лента за багаж на аеродром во Рим, а го забележало осигурувањето на скенерот.
Норвежанецот на лентата патувал околу 50 метри пред да го идентификува скенерот. Туристот на аеродромот пристигнал со ранец и пиво во раката. Кога отишол да го провери својот лет за Осло не пронашол никој на шалтерот и одлучил да помине без контрола. Меѓутоа, само што седнал на подвижната лента, заспал. – пренесува Дејли Мејл.

На лентата за багаж тој спиел дури 15 минути додека таа се движела, пред на крајот да биде забележан од шокираните вработени кои го виделе преку ренген-скенерот за багаж.
Секоја година се соочуваме барем со еден ваков случај и обично сме спремни. Веднаш штом ни е јавено, се уклучува аларм и одиме во акција.” – изјави службено лице на аеродромот
Службеното лице навело дека инцидентот не открил никакви слаби точки во сигурноста на аеродромот и дека ова не е прв пат да се случи некој инцидент од пијан патник. Припадниците на аеродромската полиција го одвеле туристот во болница на преглед затоа што бил изложен на силни рентген зрачења, а потоа го пријавиле за предизвикување узбуна на аеродромот.