Еден Кинез кој имал 30 години, и кој се спремал да си го скрати животот со скок од мост не успеал во својата намера бидејќи се успал. Тој сакал да се убие поради долгата депресија која ја имал по разводот. Решил тоа да го стори на тој начин што ќе скокне од највисокиот мост во својот град, кој бил висок 50 метри.
За да биде сигурен во својата смрт, претходно проголтал десетина таблети за спиење, кои на крајот му го спасиле животот бидејќи потонал во длабок сон додека разговарал со полицајците кои се обидувале да го одговорат својата намера да се самоубие.