Стрелецот на победничкиот погодок за Охрид на дуелот со Велешта Љупче Трпески и асистентот Наум Вељаноски, добија заслужено признание откако специјализираниот интернет портал „Макфудбал.мк“ ги вклучи во идеалниот тим од втората рунда во Втората македонска фудбалска лига.
Трпески во 83-та минута по нафрлување на Вељаноски со глава ја погоди мрежата на Велешта и донесе победа (2-1) и три бодови за охриѓани.
За фудбалерите од охридскиот состав е ова второ признание во серија. Претходно, дел од идеалниот тим беше голманот Никола Симоновски кој беше награден за маестралната претстава против Гостивар.
Во Втората лига овој викенд нема натпревари, а возбудувањата ќе продолжат следниот на 12 септември. Охрид гостува кај тимот на Дрита.
OhridNews