На последната седница Владата го задолжила Министерството за здравство да пристапи кон подготовка на измени на законот, со кои, покрај досегашните парични казни, ќе се предвидат и санкции за времено затворање на субјектите што ќе го прекршат законот, пренесува „Макфакс“.
Во меѓувреме, Владата ги задолжила пазарниот инспекторат, Управата за јавни приходи, инспекторатот за труд и Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведат заеднички контроли во сите субјекти за кои постои сомневање дека го прекржуваат Законот за заштита од пушење.
Ваквата одлука, според владини извори е донесена поради тоа што одредени субјекти и јавно манифестирале непочитување на законот и поради тоа ќе се проверува нивното целокупно работење.