Престојниот меморијален турнир во Кавадарци но и враќањето на Лазовски во тимот по репрезентативните обврски ќе го дадат последниот збор околу тоа кој ќе остане, а кој ќе се пакува.
– Видовме како изгледаат новите засилувања, од овај натпревар може да видиме дека се работи за квалитетни кошаркари. Задоволен сум од играта на Периќ и Чубрило. На турнирот во Кавадарци ќе добиеме појасна слика за нивните можности. Комплетната слика ќе ја добиеме кога Лазовски и Војдан Стојаноски ќе се вратат во екипата – вели потпреседателот на клубот Христијан Шапкар
– Периќ и Чубрило се покажаа во добро издание, за Литл не можам да дадам оцена бидејќи не е доволно адаптиран , но се гледа дека се работи за добар играч– вели Горан Цветковиќ.
Првиот помошник на Лазовски, Марајан Бошалески е далеку покритички настроен кон новиот американец.
– Од играта сум задоволен но од одност на новото засилување не. Од српските интернационалци пријатно сум изненаден од Чубрило, додека исто така позитивно ме изнедади и Периќ кај кого гледам голема желба за докажување. Нема да е ништо ново ако кажам дека Богоев е извонреден плеј, додека Чубрило е одлична 4 која лесно се трансформира во петка. Воопшто не сум задоволен односот на Литл и сметам дека тој не треба да остане во екипата.