Даниел Мусовски, 24-годишниот напаѓач на Лос Анџелес, една од најдобрите екипи од американската лига МЛС, прифати да игра за македонската репрезентација и ќе биде повикан за ноемвриските натпревари на нашиот најдобар национален тим.
Селекторот Игор Ангеловски го контактираше фудбалерот со македонско потекло и доби потвден одговор околу неговиот настап во дресот на македонската репрезентација.
Доколку административно се помине во најдобар ред и навреме во однос на неговиот македонски пасош (неговите родители имаат македонски пасош), тогаш Муковски би бил во конкуренција за настап на ноемвриските натпревари на македонската репрезентација.
Навистина ми е драго што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим на следните предизвици во ноември. Ќе ја зголемиме конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот и мислам дека ќе биде од корист за сите. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен. Наша обврска е да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот со фудбалери кои ќе донесат квалитет и ќе придонесуваат за подобри резултати. Се надевам дека Мусовски ќе го донесе токму тоа во нашата селекција, изјави Игор Ангеловски.
Дени Мусовски има македонски корени, а роден е во Хендерсон, Невада (САД) на 30. ноември 1995 година.
Кариерата ја почна во 2014 година во Лас Вегас Мобстерс. Пред да пристигне во Лос Анџелес, инаку еден од најдобрите тимови во МЛС, играше уште и за Барлингејм Драгонс, Таксон Сан Хозе Ертквејкс и Рено 1868 каде на 40 натпревари даде 16 гола.
Мусовски пред извесен период беше и МВП на колото во американската МЛС лига.
OhridNews