Во текот на изминатот викенд, на целото подрачје на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот.

Полициските службеници контролираа вкупно 179 патнички и други моторни возила, од кои 38 во Охрид и 43 во општина Струга. Притоа, алкотестирани биле 27 возачи во општина Охрид, а 30 во Струга.

  • Присуство на алкохол во крвта е утврдено кај двајца возачи во Охрид, и еден во Струга, кои веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициските службеници евидентирале 10 случаи на пречекорување на брзината на движење во населено место. По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 20 мандатни платни налози, од кои две во Охрид, 12 во Струга. Барања за поведување прекршочна постапка се изречени две во Охрид и четири во Струга.

Од СВР Охрид потенцираат дека акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

OhridNews